• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Судскиот совет ќе формира Комисија за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови во државава

Судскиот совет ќе формира Комисија за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови во државава

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 477. седница на која ќе расправа за повеќе точки меѓу кои и за утврдување на конечна ранг листа за избор на судии на Апелационен суд Штип.

Членовите на советот треба да формираат Комисии за подготвување на кандидатски листи како и за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови во Република Северна Македонија.
 
На седницата предвидено е да се донесе одлука за определување на ВД претседател на Основен суд Струга како и да се постапува по одлука на Управен суд.
 
Судскиот совет, меѓу другото, предвидено е да одлучува по известување од Комисија на известители по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд како и да формира Комисии по поднесени Барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. бк/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан