• петок, 05 декември 2025

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Скопје, 15 јули 2025 (МИА) - Полицијата вчера попладнето во Радовиш го лишила од слобода Т.Н.(18) од овој град. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана и дробилка со остатоци од растителна материја.

Како што информираат денеска од МВР, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Т.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/

Фото МИА 

Остани поврзан