• четврток, 26 март 2026

Потпишување на грант-договор со ЕБРД

Потпишување на грант-договор со ЕБРД

Скопје, 15 јули 2025 (МИА) - Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе биде потпишан грант-договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад финансиран преку Европскиот заеднички фонд за Западен Балкан.

Како што соопштија од Министерството, на настанот ќе се обратат вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас и Билјана Милошеска од ЕБРД.

Грантот во вредност до 2 милиона евра, е наменет за спроведување на физибилити студии и анализи за животната средина и социјални аспекти за Вардарскиот и Југоисточниот регион, наведуваат од МЖСПП. вг/нд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан