Судир на два воза во Австрија, по што избувна и пожар
- Еден од товарните возови влечел цистерна натоварена со лесно запалив керозин, што предизвикало пожар на неколку вагони, кој е под контрола на пожарникарите. Од еден вагон истекоа 64.000 литр
Виена, 20 јануари 2023 (МИА) - Рано изутринава во Австрија се случи железничка несреќа, откако се судрија два товарни воза.
Несреќата се случила утрово во 4 часот и 23 минути во реонот на станицата Фурниц, кај Вилах.
Еден од товарните возови влечел цистерна натоварена со лесно запалив керозин, што предизвикало пожар на неколку вагони, кој е под контрола на пожарникарите.
Од еден вагон истекоа 64.000 литри керозин, па експертите се на терен да преземат соодветни мерки.
И двајцата машиновозачи се спасени и со полесни повреди се пренесени во болница, јавуваат австриските медиуми.
Локалните и меѓуградските возови ќе бидат пренасочени, а постојките Фирниц и Нојхаус/Гајл нема да сообраќаат. ссм/
фото: ЕПА архива