• петок, 22 ноември 2024

Суданската војска соопшти дека нејзиниот врховен командант Абдел-Фатах Бурхан преживеал напад со дрон

Суданската војска соопшти дека нејзиниот врховен командант Абдел-Фатах Бурхан преживеал напад со дрон

Каиро, 31 јули 2024 (МИА) - Суданската армија денеска соопшти дека нејзиниот врховен командант, генерал Абдел-Фатах Бурхан, минатата недела преживеал напад со беспилотно летало за време на воена церемонија во која загинаа пет лица.

Во соопштението на суданската војска се наведува дека нападот со два дрона се случил во Гебејт, град во источен Судан, откако завршила церемонијата на која присуствувал Бурхан, но додаде дека тој е неповреден.

Војната во Судан трае веќе една година меѓу регуларната армија и паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ).

Официјалното воено и владино раководство главно оперира од источен Судан во близина на брегот на Црвеното Море.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан