Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
- Неколку илјади студенти на Техничките факултети на Универзитетот во Белград денеска со блокада на Уставниот суд протестираат со цел да укажат на кршењето на Уставот и да ги потсетат граѓаните на загарантираните права.

Белград, 12 јануари 2025 (МИА) – Неколку илјади студенти на Техничките факултети на Универзитетот во Белград денеска со блокада на Уставниот суд протестираат со цел да укажат на кршењето на Уставот и да ги потсетат граѓаните на загарантираните права.
Во исто време, протест се одржува и во Ниш, под слоганот „Бани во Бановина“, како и во Нови Сад.
Во Белград, според планираното, околу 16 часот и 30 минути студентите и граѓаните ќе молчат 15 минути, а по интонирањето на химната на камион ќе бидат истакнати сите најнови уставни прекршувања.
Во Ниш се блокирани две раскрсници, едната кај Младинскиот мост каде се сместени студенти, а на неколку стотини метри, кај Палатата на правдата, раскрсницата е блокирана од граѓани. јт/
Фото: ЕПА архива