• вторник, 23 јули 2024

Струмичките пожарникари добија нова опрема

Струмичките пожарникари добија нова опрема
Струмица, 16 септември 2021 (МИА) - Територијалната противпожарна единица од Струмица денеска доби нова опрема и техника набавена од Општината. Набавени се најнови модели на изолациони апарати за дишење, кои се неопходни за гасење на пожари во затворен простор, комбинирани апарати на воздух и вода за гасење на пожари на отворен простор, грбни пумпи за гасење пожари на отворен простор, турбо млазници и црева. - Со набавката на оваа опрема значително се зголемува квалитетот и ефикасноста на интервенирање на ТППЕ Струмица во различни ситуации, но и се зајакнува капацитетот на противпожарната заштита, рече командирот на ТППЕ Александар Гудев. Опремата чини 1,7 милиони денари обезбедени од општинската каса, а во тек е и постапка за набавка на дополнителна опрема. рт/бак/

Остани поврзан