• четврток, 21 ноември 2024

Сто санкционирани возачи во Скопје

Сто санкционирани возачи во Скопје

Скопје, 22 јули 2024 (МИА) - На територија на град Скопје вчера полицијата изрекла вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 42 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за некористење сигурносен појас...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта. ев/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан