Стипендии за студии во Романија за академската 2024/2025 година
- Министерството за образование и наука информира дека Владата на Романија почна програма за стипендирање државјани на Република Северна Македонија за академската 2024/2025 година.

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Министерството за образование и наука информира дека Владата на Романија почна програма за стипендирање државјани на Република Северна Македонија за академската 2024/2025 година.
-Владата на Романија доделува пет стипендии за магистерски студии, пет стипендии за докторски студии и пет стипендии за учество на летни курсеви за романски јазик, култура и цивилизација. Апликациите за овие стипендии треба да се достават до архивата на Министерството за образование и наука, најдоцна до 5 јули 2024, наведува МОН во објавата.
Потребните информации за овие стипендии и формуларот за апицирање за заинтересираните кандидати се достапни на веб-страницата на МОН. хс/нд/
Фото: МИА архива