• четврток, 26 март 2026

Демант од ЗПАРСМ на изјава на министерот за економија Бесар Дурмиши

Демант од ЗПАРСМ на изјава на министерот за економија Бесар Дурмиши

17 април 2025 

Ја демантираме изјавата на Министерот за Економија дека до нив не е доставен приговор во врска со новиот правилник за објавување на цени на стоки од аптеките и воедно бареме  состанок.

Во прилог е и архивски заверен приговорот кој се доставени до Министерство за Економија, а истиот е пратен и на мејл. Потребата да се изземат аптеките од овој правилник и да се врати основната шифра на дејност е приоритет на ЗПАРСМ.

Во приговорот детално е запишано за што приговараме и токму се овие фундаментални промени од кои зависи опстанокот на фармацевтската фела и фармацевтската грижа која е основата на нашето постоење како пред се здравствени работници.

Здружение на приватни аптеки на Република Северна Македонија - ЗПАРСМ

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан