ДКСК на својата веб-страница објави два извештаја за антикорупциска проверка
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 17 април 2025
Државната комисија за спречување на корупцијата, во насока на транспарентно известување на јавноста за преземените активности од
нејзино надлежно постапување, Ве известува дека на својата ВЕБ страница ги објави :
- Извештајот за антикорупциска проверка на одредбите oд Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;
линк: https://dksk.mk/wp-content/uploads/2025/04/11-1351-1.pdf; и
-Извештајот за антикорупциска проверка на одредби кои се однесуваат на издавањето на лиценци, одобренија, дозволи за работа на угостителски објекти и слично, како и за вршење надзор во Законот за угостителската дејност, Законот за заштита и спасување, Законот за инспекциски надзор, Законот за локалната самоуправа, Законот за заштита од експлозивни материи, Закон за прометот на експлозивни материи и Закон за прекршоците против јавниот ред и мир;
Линк: https://dksk.mk/wp-content/uploads/2025/04/11-1117-2.pdf;
Воедно, двата извештаи се прикачени како прилог кон е-маилот.
Државна комисија за спречување на корупцијата
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: МИА архива