• недела, 22 декември 2024

Стефковски: Гази Баба прогласена за најинклузивна општина во Македонија

Стефковски: Гази Баба прогласена за најинклузивна општина во Македонија

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Општина Гази Баба е прогласена за најинклузивна општина во Република Македонија. Ова признание доаѓа по целосната реализација на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби” кој општина Гази Баба успешно го реализираше заедно со Детската фондација Песталоци и Здружението “Отворете ги прозорците”, информира градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

-Ова признание доаѓа како резултат на посветена работа и реализација на проекти, програми и активности со цел целосна инклузија на децата со посебни образовни потреби. Среќен сум, што нашата заложба за обезбедување еднаков пристап до образование за сите деца од општината се спроведува во пракса, а доказ за тоа е ова признание, напиша Стефковски на Фејсбук.

Изминатиот период, општина Гази Баба, како што информираат оттаму, реализираше повеќе проекти во оваа насока. Беа отворени сензорни соби во ООУ Дане Крапчев во Ченто и ООУ Наум Наумовски Борче во Маџари, а дополнително се отвори катче во ООУ Стив Наумов во Автокоманда. сст/нд/

фото фејсбук профилот на градоначалникот Бобан Стефковски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан