• недела, 21 декември 2025

Стартен пораз на македонските кошаркари во евроквалификациите

Стартен пораз на македонските кошаркари во евроквалификациите

Матосињос, 10 ноември 2023 (МИА) – Македонската женска кошаркарска репрезентација со пораз ги почна квалификациите за Европското првенство во 2025, откако синоќа загуби на гостински терен од Португалија со 65-52 (34-27).

Избраничките на селекторот Александар Ашаданов беа рамноправен противник на паркетот во салата во Матосињос до завршните десет минути и во неколку наврати имаа водство во второто полувреме кое изнесуваше највисоки три поени (42-45) во 28 минута. 

Најефикасна во македонските редови беше Анџелика Митрашиновиќ со 17 кошеви, а поен помалку постигна натурализираната Американка Мерит Хемпе.

Во воведниот натпревар во рамки на квалификациската група Ц, Србија со убедливи 82-40 ја совлада Украина.

Македонските кошаркарки во второто коло, кое е на програмата в недела, ќе играат против Србија на домашен терен. ег/вг/

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан