• четврток, 18 декември 2025

Стармер: Велика Британија не смее да ја игнорира заканата од Русија

Стармер: Велика Британија не смее да ја игнорира заканата од Русија

Лондон, 2 јуни 2025 (МИА) – Велика Британија не може да ја игнорира заканата што ја претставува Русија, изјави денеска премиерот Киер Стармер во интервју за Би-Би-Си.

Одговарајќи на прашање дали Британија би морала да испрати војници во евентуален иден европски конфликт, Стармер потсети дека „сите знаеме што ѝ се случи на Украина пред три години“.

Тој го најави новиот стратешки документ за одбрана, што треба да повика на зголемена подготвеност за справување со современите безбедносни предизвици.

- Светот се промени – станавме нестабилна планета со сè посериозни безбедносни закани. Тоа директно влијае врз Велика Британија, рече Стармер. - Затоа подготвуваме стратегиски документ што ќе ги адресира сегашните и идните безбедносни предизвици, вели тој.

Стармер додаде дека најдобриот начин да се спречи конфликт е да се одврати, потенцирајќи: „Затоа НАТО е толку важен“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан