• четврток, 30 јануари 2025

Стапи во сила одлуката за меѓусебно признавање на возачките дозволи на Италија и Косово

Стапи во сила одлуката за меѓусебно признавање на возачките дозволи на Италија и Косово

Тирана, 29 јануари 2025 (МИА) - Од денеска, Италија и Косово започнаа со взаемно признавање на возачките дозволи, објави албанската редакција на Радио Слободна Европа, повикувајќи се на косовското Министерство за внатрешни работи.

Според соопштението на Министерството, стапувањето во сила на договорот е „важен чекор кон интеграцијата на косовските граѓани кои живеат во Италија“.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, во декември 2024 година објави дека ваков договор бил постигнат и со Хрватска.

Во 2022 година, Косово и Германија се договорија за взаемно признавање на возачките дозволи, а косовското министерство најави дека работи на слични договори со Канада, Турција, Австрија и Италија, потсетува Радио Слободна Европа. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан