Ставено во функција новото возило за чистење на снег во Берово
- Во Берово синоќа беше ставено во функција новото возило за чистење на снег. Во оваа општина екипи на ЈПКР „Услуга" и Општина Берово ги расчистуваа улиците од снегот кој интензивно паѓаше во оваа Општина.
Берово, 26 ноември 2023 (МИА) - Во Берово синоќа беше ставено во функција новото возило за чистење на снег. Во оваа општина екипи на ЈПКР „Услуга" и Општина Берово ги расчистуваа улиците од снегот кој интензивно паѓаше во оваа Општина.
Чистењето како што најави градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски ќе продолжи и денес со цел одржување на нормално и непречено одвивање на соoбраќајот.
-Продолжуваме на терен со екипите за чистење на снегот меѓу кои се и пожарникари од ТППЕ Берово. Во оваа прилика апелирам до возачите да не ги оставаат паркирани автомобилите на улиците за да може ефикасно да се чисти снегот, истакна Пекевски.
Според законот за Јавна чистота во зимски услови како што додаде и правните лица и физичките лица се обврзани да ги исчистат улиците од снег пред своите објекти и со тоа да се вклучат во јавната чистота.
-Берово како Општина има обезбедено служба која редовно ги чисти улиците во надлежност на Општината, од паднатиот снег. Голем проблем на службата која го чисти снегот и претставуваат автомобилите кои се паркирани по улиците. Затоа ги замолуваме граѓаните сите паркирани возила да бидат отстранети и да не се паркираат на самите улици каде би требало да се одвива движењето, додаде Пекевски.
За несовесните граѓани кои нема да ги отстранат своите непрописно паркирани возила, за нивно остранување ќе биде задолжено Министерството за внатрешни работи во рамките на нивните надлежности.
Во Малешевијата освен во Берово снежна покривка има и во Пехчево. вс/дма/
Фото: МИА