• недела, 28 април 2024

Средба на претседателот Пендаровски со албанскиот претседател Бајрам Бегај

Средба на претседателот Пендаровски со албанскиот претседател Бајрам Бегај

Скопје, 16 јуни 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Преспа форум за дијалог 2023, денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

-На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, при што беше оценето дека тие се пријателски и беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво, се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Двајцата претседатели, како што се додава во соопштението, разговараа и за регионалните прашања и текот на ЕУ интеграцијата на двете држави. дма/са/

Фото: Кабинет на претседателот на РСМ

Остани поврзан