• сабота, 21 декември 2024

Средба на министерот Муцунски со романската амбасадорка Аксинте

Средба на министерот Муцунски со романската амбасадорка Аксинте

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) -  Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска имал средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте, на која, како што информира МНР, биле потврдени традиционалните и пријателски односи меѓу двете држави „кои и во иднина ќе се унапредуваат и продлабочуваат, со посебен фокус на економската соработка“.

-Воедно, се истакна и динамиката на билатералната соработка, почнувајќи од политичкиот дијалог, секторската соработка и нашата тесна соработка во регионалните иницијативи. Тема на разговорите беше и интегрирањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, при што соговорниците се согласија дека понатамошното проширување на Европската Унија не е само поттик за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите членки, соопшти Министерството. 

Муцунски изразил благодарност „за континуираната и безрезервна поддршка од Романија за нашето членство во Европската Унија, како и за нивната подготвеност да понудат помош во конкретни области кои се од наш интерес“.

-Соговорниците се осврнаа и на сојузништвото во рамки на НАТО, и потребата од зајакнување на соработката во контекст на безбедносните предизвици пред кои сме исправени, се наведува во соопштението. хс/дма/

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Остани поврзан