• понеделник, 12 август 2024

Средба на министерката Петровска со амбасадорката на Романија, Аксинте (ДПЛ)

Средба на министерката Петровска со амбасадорката на Романија, Аксинте (ДПЛ)
Скопје, 1 март 2022 (МИА) - Министерската за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството за одбрана се сретна со амбасадорката на Романија во земјава, Адела Моника Аксинте. На средбата, како што соопштија од МО, станало збор за актуелната состојба во Украина, при што од страна на министерката Петровска била искажана осуда за рускиот напад врз Украина и украинскиот народ и сочувство за жртвите во Украина. Петровска додала дека Република Северна Македонија заедно со сите членки на НАТО Алијансата го поддржува украинскиот суверенитет и територијален интегритет. Таа упатила благодарност за сета досегашна поддршка од Романија во однос на нашата евроатлантска определба, но и за помошта при справување со минатогодишните пожари кои ја зафатија нашата земја. Петровска упатила покана до вооружените сили на Романија да учествуваат на вежбовни активности на АП Криволак. Амбасадорката Аксинте ја потврдила силната поддршка на Романија членството на Северна Македонија во НАТО но и во Европската Унија и изразила надеж дека почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе се реализира без одлагање. Честитајќи ја двегодишнината од  членството на Северна Македонија во НАТО која ќе се заокружи овој месец, амбасадорката Аксинте потенцирала дека членството во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста на сојузниците. Аксинте изразила силна осуда на агресијата врз Украина и се согласи со министерката Петровска дека единството на сојузниците во НАТО е од најголема важност во заштитата на безбедноста на земјите членки во регионот и пошироко. Северна Македонија и Романија имаат одлична билатерална соработка, и активно партиципираат во неколку регионални иницијативи како што се SEDM (South East Defence Minitersial), SEEBRIG – Бригадата на Југоисточна Европа, Б-9 иницијативата на началници на Генералштабови. Во текот на 2022 година се предвидени 26 заеднички активности. цр/сп/

Остани поврзан