• понеделник, 18 ноември 2024

Средба Мицкоски - Мелони: Побарана поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на државата во ЕУ

Средба Мицкоски - Мелони: Побарана поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на државата во ЕУ

Вашингтон, 10 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на маргините на НАТО остварил разговор со премиерката на Италија, Џорџа Мелони.

- Разговаравме за продлабочена соработка, побарав поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на државата во Европската Унија. Разговарав и за можноста за зголемување на економската и трговската размена на двете земји. Мора да се бориме за позициите и државните интереси на секој чекор, напиша на Фејсбук премиерот Мицкоски. ев/са/

Фото: ФБ

Остани поврзан