Средба Зеленски-Руте во Рамштајн
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија се сретна со генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Рамштајн, 9 јануари 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија се сретна со генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
- Фокусот беше на зајакнување на воздушната одбрана на Украина и вклучување на земјите од НАТО во набавката на оружје според данскиот модел. Заедничката задача на нашите партнери е да обезбеди силна позиција за Украина за да донесе праведен и траен мир. Разговаравме и како платформата на НАТО може да се искористи за да се постигне оваа цел, информира Зеленски на Х.
- НАТО е посветен на продолжување на нашата поддршка за Украина додека вие се браните и неуморно се борите за слободата што на сите ни е драга, напиша Руте на Х објавувајќи фотографии од средбата со Зеленски. јт/
Фото: Руте на Х