• недела, 28 април 2024

Средба Дамева - Коп за обновувањето на проектот МАТРА на Судскиот совет финансиран од Холандија

Средба Дамева - Коп за обновувањето на проектот МАТРА на Судскиот совет финансиран од Холандија

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска имала средба  со амбасадорот на Холандија во земјава Дирк Јан Коп, на која и било предадено известување за обновениот проект „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Северна Македонија“, финансиран од Владата на Холандија.

Кабинетот на претседателката на Судскиот совет во соопштение истакнува дека овој проект, кој во мај 2023 беше ставен во мирување, е од особено значење за Советот и дека Дамева му се заблагодарила на амбасадорот Коп за зеложбата за негово обновување. 

-Претседателката Дамева изрази искрена благодарност за заложбите на амбасадорот Коп и Владата на Кралството Холандија, кои во исклучително краток период го обновија овој клучен проект за Судскиот совет на Република Северна Македонија, а воедно изрази благодарност и за дадената доверба и поддршка. Амбасадорот Коп истакна дека ќе продолжи блиската соработка на Холандската амбасада со Судскиот совет на Република Северна Македонија и посака успешна имплементација на проектните активности, се наведува во соопштениет од Судскиот совет. хс/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан