• недела, 22 декември 2024

Специјалниот координатор на ОН повика на деескалација по убиството на лидерот на Хамас

Специјалниот координатор на ОН повика на деескалација по убиството на лидерот на Хамас

Њујорк, 2 август 2024 (МИА) - Специјалниот координатор на ОН за мировниот процес на Блискиот Исток Тор Венсланд денеска повика на деескалација на конфликтот во регионот откако политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше убиен во средата во Техеран.

- Изминатите денови разговарав со релевантните страни и држави во регионот, вклучувајќи ги Либан, Египет и Катар, со цел поддршка на регионалната деескалација. Испитавме и истраживме начини да го спречиме прелевањето на конфликтот, рече Венсланд, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој истакна дека е клучно да се биде одлучен и земјите да работат заедно за да одговорат на непосредните закани и да се постават темелите за траен мир.

Иран го обвини Израел за убиството на Ханија, а Тел Авив не ја потврди ниту негираше улогата во смртта на политичкиот лидер на Хамас. Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, изјави во средата дека Иран е „должен“ да ја освети смртта на Ханија.

Њујорк Тајмс објави, повикувајќи се на тројца ирански функционери, дека Хамнеи издал наредба Иран „директно да го нападне Израел“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан