• недела, 22 декември 2024

Спасовски на средба со соработниците и поширокото раководство на МВР

Спасовски на средба со соработниците и поширокото раководство на МВР

Скопје, 26 јануари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи во оставка Оливер Спасовски вечерва во Клубот на пратеници се сретна со соработниците и поширокото раководство на МВР.

-Нема ништо поубаво од тоа да сте со својот тим од МВР, со чувство на длабока благодарност и искрено задоволство за сè што заедно постигнавме во текот на мојот мандат како министер за внатрешни работи на Северна Македонија, рече Спасовски.

Тој посочи дека секој завршеток на мандат е време за рефлексија и оценување на постигнувањата. Додаде дека заедно со неговиот тим постигнале значаен напредок во областа на безбедноста на граѓаните и државата.

-Нашата работа беше предизвик, но исто така и можност да ја покажеме нашата посветеност, професионализам и љубов кон нашата татковина. Со заеднички напори, се справувавме со предизвиците и работевме на создавање на посигурно и стабилно општество за сите граѓани. Секој еден од вас ја има мојата лична благодарност за вашата поддршка, труд и посветеност. Вашите идеи, вашиот ентузијазам и вашата способност да се справите со тешки ситуации беа круцијални за нашите успеси. Нашата работа беше доказ за тоа дека кога поединци со различни вештини и искуства се обединуваат со заедничка цел, може да се остварат големи работи, истакна Спасовски.бт/дма/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан