• недела, 22 декември 2024

Спасовски во Куманово на мултиетничко празнување на Бадник, во рамки на проектот „Безбедни училишта”

Спасовски во Куманово на мултиетничко празнување на Бадник, во рамки на проектот „Безбедни училишта”

Куманово, 6 јануари 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Државното средно училиште-регионален центар за стручно образование „Киро Бурназ“ во Куманово присуствуваше на мултиетничко празнување на големиот христијански празник Бадник.

Настанот е дел од проектот „Безбедни училишта“ кој по 13-ти пат го реализира, отсекот за превенција од СВР Куманово во соработка со локалните училишта и ученици.

Учениците кои посетуваат настава на македонски јазик беа домаќини на врсниците кои посетуваат албански наставен јазик, со возвратно дружење за време на муслиманските празници, а со цел да ги споделат своите обичаи, култури и традиции, и да празнуваат заедно во духот на почит и меѓусебно разбирање.

-Бадник е време кога се потенцираат вредностите на мир, љубов и хармонија. Нашето мултиетничко дружење ја отсликува оваа порака на младите луѓе кои потекнуваат од различни верски и етнички позадини, а кои заедно празнуваат и ги споделуваат најубавите аспекти на своите култури“, истакна министерот Спасовски. ам/бт/

Фото: МВР

Остани поврзан