• среда, 26 јуни 2024

Спасовски во Естонија на средба со министерот за внатрешни работи Лаанеметс

Спасовски во Естонија на средба со министерот за внатрешни работи Лаанеметс

Скопје, 18 декември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска и утре, ја предводи делегација од МВР во Талин, Естонија, каде што ќе има билатерална средба со естонскиот министер за внатрешни работи Лаури Лаанеметс.

Како што соопшти МВР, Спасовски ќе одржи состаноци со раководството на Одделот за полиција и гранична стража и во Естонската академија за безбедносни науки.

Воедно, министерот Спасовски ќе ја посети Амбасадата на Република Северна Македонија во Талин. дма/са/

Фото: МВР

Остани поврзан