• четврток, 22 февруари 2024

Спасовски: Вања е киднапирана во влезот на зградата и ставена во багажникот на возилото

Спасовски: Вања е киднапирана во влезот на зградата и ставена во багажникот на возилото

Скопје, 4 декември 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Јавното обвинителство рече дека според сознанијата и исказите на осомничените, Вања е киднапирана во влезот на зградата и со врзани раце и нозе и во вреќа за спиење е ставена во багажникот на возилото „цитроен“ и однесена надвор од Скопје каде е убиена по што е запалено возилото. 

Како што појасни Спасовски, возилото „цитроен“, сопственост на убиениот велешанец, на „сејф сити“ првпат се појавува на 27 ноември кога е киднапирана Вања. 

Пред возилото „цитроен“ со кое е киднапирана Вања, се наоѓало возило „рено канго“. Двете возила по нејзиното киднапирање заминуваат надвор од Скопје. 

Според министерот Спасовски, на денот кога се случило грабнувањето имало две пријавувања, првата од мајката во 8.30, а во 11 часот од таткото. По првата пријава веднаш се преземаат активности, а во Велес полицијата презема активности за случајот со исчезнувањето на 74-годишниот Панче Жежоски.

-Се вршат разговори со сите лица и во училиштето и во Велес што би можеле да дадат каква било информација, рече Спасовски.

На прес-конференцијата, Спасовски рече дека сите осомничени се членови на една политичка партија и дека е извршен претрес во оваа партија. 

-Тоа возило не се движи до 27 ноември и немавме информација дека е одземено. А е регистрирано од камери, како и возило рено. Извршен е и претрес во политичката партија Трета, на која ѝ припаѓале и најдени се извесни информации“, рече Спасовски.

Спасовски ги негираше и информациите пласирани во јавноста дека полицијата знаела, а не откривала детали за исчезнувањето на Вања, поради Самитот на ОБСЕ.

-Станува збор за изолиран случај, а не е поврзан со генералната јавна безбедност. Бесмислица е дека заради собирот на ОБСЕ не се објавени информации за убиството. Освен тоа, друг оддел на МВР се занимава со безбедноста на ОБСЕ, рече Спасовски.

бак/ац/

Фото: МИА

 

Остани поврзан