• петок, 20 декември 2024

Со 60 000 денари месечно Прилеп ќе го субвенционира јавниот превоз до селата

Со 60 000 денари месечно Прилеп ќе го субвенционира јавниот превоз до селата

Прилеп, 12 јули 2023 (МИА) - Од септември Општина Прилеп ќе субвенционира линиски превоз за најоддалечените села во општината. Програмата ќе опфаќа субвенционирање за превозниците на овие линии од 15 литри гориво на поминати 100 километри за превоз два пати неделно.

-Со ова, жителите од населените места, од септември ќе имаат редовна линија која ќе сообрајќа од градот кон населеното место и обратно. Целта е да им се олеснат условите за живот на овие жители.  Линиите ќе сообрајќаат до најоодлечените населени  места. Најпрво и најзначано е дека ќе се субвенционира линијата од Прилеп до Витолиште во Мариово каде жителите од ова населено место плаќаат високи цени за превоз со такси. Потоа ќе следи линија за селата Чепигово и Подмол, па линија до селата Мажучиште и Радобил. Сите делови од општината ќе бидат опфатени со овој линиски превоз, вели Дејан Проданоски, претседател на Советот на Општина Прилеп.

Вкупната сума за субвенционирање на линискиот превоз до најоддалечените села во Прилепско, локалната самоуправа би ја чинела  околу 60 000 денари месечно,  а ценовникот е за 20 до 30 насто понизок од цената на такси превозот кој го користат жителите од овие населени места за да дојдат во градот.

-Со оваа одлука на советот, локалната самоуправа ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на жителите од населените места и ќе  им го олесни пристапот до градот, вели прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Според последниот попис од  2021 година во подалечните села во Прилепњско има близу  6000 жители Од нив, над 1000 жители се лица кои поради возраста, лошата здравствена или материјална положба, не  може да стигнат до градот. ем/дма/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан