• среда, 05 март 2025

Со свечена седница на косовската Влада започнува настанот посветен на 27-годишнината од убиството на семејството Јашари

Со свечена седница на косовската Влада започнува настанот посветен на 27-годишнината од убиството на семејството Јашари

Приштина, 5 март 2025 (МИА) - Со свечена седница на косовската Влада денеска во Приштина започнува настанот по повод „Епот на Ослободителната војска на Косово (ОВК)“, посветен на годишнината од убиството на членовите на семејството Јашари во Преказ.

Настаните продолжуваат денеска со обиколка на распоредените припадници на Косовските безбедносни сили, на која ќе присуствуваат и косовската претседателка Вјоса Османи и премиерот Албин Курти со членови на Владата.

Во рамки на програмата за одбележување на настанот, како што соопшти Владата на Косово, ќе се одржат свечени седници во сите општини, додека денешниот прв училишен час ќе биде посветен на „епот на ОВК“.

Активностите ќе продолжат на 6 март, кога највисоките претставници на Косово и партиските лидери ќе положат цвеќе на гробот на првиот командант на ОВК, Адем Јашари, во селото Преказе во општина Скендерај.

Програмата за одбележување на 27-годишнината завршува на 7-ми март во село Преказе со манифестацијата „Огнена ноќ“ и уметничка програма. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан