• понеделник, 16 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Романија прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата

Романија прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата

Букурешт, 5 март 2025 (МИА) - Романските власти одлучија да ги прогласат воениот, воздушен и поморски аташе на Руската Федерација во Букурешт, како и неговиот заменик, за непожелни лица на територијата на Романија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на оваа земја.

Според извештаите, Букурешт ја донел оваа одлука затоа што руските функционери наводно извршувале активности спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, пренесува агенцијата Аџерпрес.

Руските медиуми пренесуваат дека руското Министерство за надворешни работи соопштило дека „Русија ќе даде соодветен одговор“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан