• недела, 22 декември 2024

Со превентивна кампања против употреба на пиротехника опфатени над 400 млади во Крива Паланка

Со превентивна кампања против употреба на пиротехника опфатени над 400 млади во Крива Паланка

Крива Паланка, 28 декември 2023 (МИА) - Отсекот за превенција на ОВР Крива Паланка и локалниот совет за превенција со превентивни едукативни работилници против употреба на пиротехника како дел Кампањата „Петарди не – безбедност пред сè“ опфатиле над четиристотини млади, основци и средношколци од општината.

Од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка информираат дека во пресрет на новата година преку предавања, делење флаери и презентација на видео-материјали упатена е јасна порака до младите за тоа кои се опасностите и последиците од употреба на пиротехника.

Во средното општинско училиште "Ѓорче Петров" присуствуваа и лекари и студенти на медицинскиот факултет кои детално им укажаа на учениците од прва година за последиците по здравјето,пред сѐ, од употребата на петарди и други пиротехнички средства.

Целта на кампањата на МВР "Петарди не - безбедност пред сѐ", е да се стигне до секое дете, секој родител и секој човек за заеднички да се стави крај на опасностите од употреба пиротехнички средства.

Кампањата е реализирана и во подрачните училишта во Општина Крива Паланка, во селата Конопница, Мождивњак и други, а од отсекот за превенција и локален совет за превенција апелираат да се почитуваат препораките и укажувањата од страна на службите на МВР за да се превенираат несакани последици. ад/сст/

Фото Локален совет за превенција Крива Паланка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан