• понеделник, 23 декември 2024

Со граѓанска акција се актуелизира потребата за јавни тоалети во Скопје

Со граѓанска акција се актуелизира потребата за јавни тоалети во Скопје

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) - На повеќе локации околу мостот „Гоце Делчев“ и во градскиот парк во Скопје, беа поставени знаци со натписи кои се однесуваат на недостатокот на јавни тоалети во главниот Град. На ваков начин се прави обид да се актуелизира барањето и потребата на граѓаните на Скопје за решавање на овој проблем за кој Градот досега не понудил решение.

-Денеска во утринските часови на повеќе локации околу мостот „Гоце Делчев“ и во градскиот парк во Скопје, беа поставени знаци со натписи кои се однесуваат на недостатокот на јавни тоалети, горлив проблем со која се соочува граѓаните, а се во надлежност на управата на градот Скопје. За жал, јавните тоалети веќе со децении не се функционални и се без основни санитарни услови за користење. Уметникот Озбек Ајваз, со оваа акција сака да го потенцира и актуелизира барањето и потребата на граѓаните на Скопје за решавање на овој проблем за која градот се чини не нуди никакво решение, велат организаторите на акцијата.

Како што информираат, оваа акција е реализирана во рамки на проектот „Артс Хаб“ , имплементиран од КСП Центар Јадро и финансиски поддржан од Фондација Отворено општество - Македонија. сст/дма/

Остани поврзан