• петок, 21 јуни 2024

Сочувство од Пендаровски за смртта на професионалниот војник на АРСМ во мисијата КФОР

Сочувство од Пендаровски за смртта на професионалниот војник на АРСМ во мисијата КФОР
Скопје, 8 јануари 2022 (МИА)  - Претседателот на државата и врховен командант на оружените сили Стево Пендаровски изрази сочувство за смртта на 44-годишниот професионален војник во мисијата КФОР во Косово, кој вчера ненадејно почина во Приштина.
- Изразувам длабоко сочувство до семејството по повод ненадејната смрт на припадникот на нашата Армија кој беше дел од мисијата во Косово. Армијата загуби свој припадник, колега и војник кој посветено и служеше на нејзината мисија. Вечен спомен, нека почива во мир, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Генералштабот на Армијата синоќа информираше дека во болница во Приштина вчеравечер околу 18:15 часот ненадејно починал професионалниот војник И.Ч (44), кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР.

На професионалниот војник кој извршувал должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ, вчера попладне му се слошило. Со воен хеликоптер бил пренесен во болница во Приштина каде што бил реанимиран, но по кратко време е констатирана смрт за која, според првичните наоди, причина најверојатно е срцев удар. хс/ цр

Остани поврзан