• петок, 21 јуни 2024

Завршен настан ,,Ајде да се дружиме" во Берово

Завршен настан ,,Ајде да се дружиме

Берово, 21 јуни 2024 (МИА) - На плоштадот во Берово синоќа беше одржан музички настан по повод крајот на учебната 2023/2024 година насловен ,,Ајде да се дружиме". Градоначалникот на  општина Берово, Звонко Пекевски по тој повод им додели парична награда од 5 000 денари на сите ученици кои завршуваат основно и средно образование, а кои во текот на своето школување имаа континуирано одличен успех. 

Настанот го отворија децата од детската градинка ,,23 Август” , од групите пред поаѓање на училиште со весели  сценски настапи, а потоа Пекевски ги  поздрави присутните и упатив благодарност до единките кориснички на Општина Берово , детската градинка ,,23 Август” , ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” , ООУ ,,Никола Петров Русински” и ОСУ ,,Ацо Русковски”, со чија поддршка е организиран овој настан. 

-Честитки до сите ученици, за постигнатиот успех во текот на учебната 2023/2024 година, нагласувајќи дека целта на организација на овој настан, е да се вредни трудот на учениците кои завршуваат основно и средно образование, а кои во текот на своето школување успеале да постигнат врвни резултати, но и да се мотивираат сите ученици да постигнуваат поголеми успеси, рече Пекевски.

На настанот, од страна на Директорите на училиштата, на учениците им беа доделени пофалници. 

Главна атракција во ранки на настанот ,,Ајде да се дружиме беа главните актери од тинејџерската серија ,,TEEN CAMP”, под продукција на Цаци Паковска и настапот на  беровскиот DJ BONO. вс/дма/


Фото: МИА

 

Остани поврзан