• понеделник, 23 декември 2024

Прв случај на каснување од змија, надлежните апелираат на внимателност за време на летото

Прв случај на каснување од змија, надлежните апелираат на внимателност за време на летото

Скопје, 21 јуни 2024 (МИА) - Итната медицинска помош во Скопје го евидентираше првиот случај на каснување од змија. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) редовно информираат за пријави за змии во населени места, а надлежните апелираат да се внимава во текот на летото, со цел граѓаните да се заштитат од влекачите.

Доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје во изјава за МИА открива дека во вторникот имале пријавен случај на каснување од змија. Станува збор за маж на околу 50-тина години кој престојувал во Идризово.

- Со возило на Брза помош, лицето е пренесено на лекување до Инфективната клиника во Скопје, каде е оставено за понатамошен третман и опсервација, вели Панов за МИА.

Апелира граѓаните да внимаваат каде се движат при престој во природа и да носат соодветна облека со цел да се заштитат од змии.

Новите влезови до хируршкиот ургентен центар и инфективната клиника и целосно асфалтирање на улицата под хируршките клиники веќе привршува и може да биде во функција од почетокот на следната

Панов вели дека е зголемен бројот на интервенции на Итната медицинска помош. 

- Периодов имаме зголемен број сообраќајни незгоди, повреди по паѓање од тротинети, зголемен број повици за колапси на јавни места поради летните горештини. Работиме со намален капацитет, им се дава предност на најургентните состојби, посочува Панов.

Од ЦУК изминатите денови информираа за пријави за змии во повеќе населени места и препорачуваат внимателно движење особено во природа. Нагласуваат дека нема специјализирана служба за заловување и безбедно отстранување на змии.

- Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво, специјализирани институции од ветеринарната област, во рамки на нивните можности, пожелно е да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област, да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со различни еколошки средства на змиите, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места, велат од ЦУК.

Во јуни, змии беа видени во повеќе населени места.

Додека многу змии се плашат од луѓето и претпочитаат да се скријат или „да глумат“ мртви, отколку да напаѓаат, ова соевидно големо „змиско гнездо“ не е место за тестирање на сѐ тоа.

- Општо е познато дека змијата најчесто бега при средба со луѓе и ако не е загорозена и уплашена - не напаѓа. Но, може да се случи, на пример, ако случајно се нагази, наседне или кога се поминува брзо веднаш до неа, змијата да го касне човекот. Покрај тоа што е препорачливо да се носат соодветни обувки, облека и стапчиња за одење во природа, корисно е граѓаните да се потсетат и да се информираат за пружање прва самопомош, поточно за начинот како се реагира, како да се имобилизира и да се третира каснато место од змија. Се разбира, секако е препорачливо да се јават на 112 во ЦУК, без разлика дали си самопомогнале или не, нагласуваат од ЦУК.

По пријава за змија на улица во Прилеп периодов, интервенирано беше од страна на Територијалната противпожарна единица. Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан