• недела, 21 јули 2024

Софија: Зградите на Националното собрание и Советот на министри ќе бидат осветлени во боите на украинското знаме

Софија: Зградите на Националното собрание и Советот на министри ќе бидат осветлени во боите на украинското знаме

Софија, 24 февруари 2024 (МИА/БТА) – Зградите на Националното собрание и Советот на министри во Софија ќе бидат осветлени во боите на украинското знаме по повод втората годишнина од почетокот на војната во Украина, соопштија од прес-центарот на парламентот и владината прес-служба.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Во 19 часот историската зграда на Народното собрание ќе биде осветлена со боите на украинското знаме. „Со осветлувањето на историската зграда на Народното собрание, бугарскиот парламент уште еднаш ја изразува својата солидарност со Украина и нејзиниот народ и ја сведочи својата поддршка за решително спротивставување на руската агресија и одбрана на слободата, независноста и територијалниот интегритет на Украина“, рече претседателот на парламентот Росен Желјазков, цитиран од прес-центарот на институцијата.

Од 18 до 24 часот боите на украинското знаме ќе го осветлуваат бугарскиот Совет на министри по повод втората годишнина од војната на Русија против Украина и десетгодишнината од анексијата на полуостровот Крим. Иницијативата е на бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев и е поддржана од бугарскиот премиер академик Николај Денков, посочуваат од владината служба за информирање.

Пораката на овој чин е Бугарија да им даде храброст на Украинците да ја продолжат својата херојска битка, но и да покаже дека не се сами во неа. Ова е сигнал и до бугарските граѓани да ја поддржат слободата, независноста и територијалниот интегритет на државите и да се спротивстават на агресијата на авторитарните режими против демократските вредности. Осветлувањето на зградите во боите на украинското знаме и поставувањето на украинските знамиња е исто така знак на единство со нашите партнери во Европската унија и со сојузниците на Бугарија во НАТО, соопшти владината прес-служба.

Украинското знаме ќе се вее и на зградата на општината на главниот град, покрај знамињата на Бугарија и на Европската унија, стана јасно по вчерашната средба на градоначалникот на Софија Васил Терзиев со украинската амбасадорка Олесија Илашчук.

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан