• сабота, 11 мај 2024

Соопштение од коалицијата „Вреди“

Соопштение од коалицијата „Вреди“

28 февруари 2024 

Шетајќи по албанските универзитети и давајќи помпезни изјави со фотографии од Фејсбук, Талат Џафери ги зголемува платите само за универзитетот каде што има помалку од 1 процент Албанци, односно „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и тоа за ни помалку ни повеќе од 22 отсто, за месеците јануари и февруари, и близу 40 отсто по зголемувањето на минималната плата во март.

За да иронијата биде уште поголема, министерот за образование и наука е Албанец, а воедно и министерот за финансии, а во меѓувреме, освен вревата што ја направи ДУИ дека доаѓа албанскиот премиер, на хоризонтот не се гледа позитивна промена.

Според соопштението на Министерството за образование и наука, „ова е почеток на исполнувањето на обврската на државата која произлегува од индивидуалниот колективен договор на оваа високообразовна институција потпишан на 29.12.2022 година, а кој ќе започне да се спроведува од 1.1.2024 година", и токму тука се крие вистината дека Талат Џафери како претседател на собранието како основач на државните универзитети има потпишано договор само со УКИМ, а не со останатите 5 државни универзитети, а и како премиер „го игра исто оро“, зборови за Албанците а повисоки плати за Македонците.

Инаку, 5-те јавни универзитети Мајка Тереза, УТ, Штипскиот, Битолскиот и Охридскиот универзитет доставиле барање до новиот претседател на Собранието да ја исправи неправдата на Џафери и зголемувањето да важи и за 1300 вработени во овие универзитети, заедно со 3000 од УКИМ.

Албанска опозициска коалиција „Вреди“

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 


 
 

 
 

Остани поврзан