• среда, 21 август 2024

Сообраќајот тековно, зголемена фреквенција на ГП Табановце

Сообраќајот тековно, зголемена фреквенција на ГП Табановце

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан