• петок, 27 декември 2024

Забрана за камиони на патниот правец Тетово – Попова Шапка, непрооден патот Крива Паланка кон ГП Голема Црцорија

Забрана за камиони на патниот правец Тетово – Попова Шапка, непрооден патот Крива Паланка кон ГП Голема Црцорија

Скопје, 27 декември 2204 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај информира дека е активна забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Известува и дека поради снежни наноси не е прооден патниот правец од Крива Паланка кон ГП Голема Црцорија – Голеш, на околу 600 метри пред граничниот премин, „поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија“. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, апелира АМСМ. хс/бак/

Фото: МИА архива 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан