• недела, 19 јануари 2025

Сообраќајот на автопатот Миладиновци – Куманово кај с. Дељадровци се одвива по една коловозна лента

Сообраќајот на автопатот Миладиновци – Куманово кај с. Дељадровци се одвива по една коловозна лента

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот Миладиновци – Куманово кај с. Дељадровци се одвива по една коловозна лента, инфрмира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.са/

Фото: МИА

Остани поврзан