• петок, 26 јули 2024

Сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец

Сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во следните денови ќе се задржи релативно топло време со умерен, а во петок и за време на викендот наместа засилен ветер од јужен правец. Повремени врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник.

Остани поврзан