Сончево, претпладне магла во некои котлини
- Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе бид

Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната од 10 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со услови за слаба магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и малку посвежо време со локален слаб дожд претежно во источните делови, а на планините слаб снег. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер.вј/мд/