• понеделник, 09 март 2026

Средба со бизнис-секторот во Делчево: најавено формирање локален економски совет

Средба со бизнис-секторот во Делчево: најавено формирање локален економски совет

Делчево, 16 февруари 2026 (МИА) - Во Делчево денеска се одржа средба меѓу градоначалникот на општината Иван Гоцевски и претставници на бизнис-секторот, на која беа отворени повеќе прашања поврзани со актуелните предизвици и идните насоки за локалниот економски развој.

-На средбата беше истакнато дека проблемите со кои се соочуваат стопанствениците и локалната заедница се заеднички и дека нивното решавање треба да биде навремено, преку директна комуникација и континуирана соработка. Како еден од клучните чекори беше најавено формирање локален економски совет, кој ќе овозможи побрзо разгледување и решавање на отворените прашања меѓу бизнис-заедницата, општината и другите надлежни институции, истакна Гоцевски.

Во фокусот на разговорите беа и новиот Генерален урбанистички план, можностите за унапредување на безбедносните и туристичките капацитети, како и креирањето долгорочна стратегија за развој на стопанството во наредните четири години.

-Беше нагласена потребата од јасна платформа која ќе овозможи поблиска соработка со компаниите и подобрување на условите за работа и инвестирање. Соговорниците се согласија дека дијалогот треба да продолжи и во наредниот период, при што беше најавено дека нова средба може да се одржи во краток рок, со цел конкретно да се утврди правецот на понатамошните активности, подвлече Гоцевски.

Од средбата беше порачано дека развојот на локалната економија е во интерес и на институциите и на бизнис-заедницата, а заедничката соработка е клучна за создавање одржливи решенија во интерес на граѓаните на Делчево. вс/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан