• четврток, 20 февруари 2025

Солидна наплатата на даноци во Куманово

Солидна наплатата на даноци во Куманово

Куманово, 20 февруари 2025 (МИА) - Солидна е наплатата на данок на промет на имот и за комунална такса, информираа денеска од секторот за даноци и такси од општина Куманово. Наскоро ќе почне испораката на опомени, најавија надлежните.

-За назив на деловна просторија – комунална такса имаме остварено наплата од околу 50 процент, за данок на имот за физички лица процентот се движи околу 57, а и данокот на имот за прави лица имаме остварено наплата од 57 отсто за претходната 2024-та. Овој процент секојдневно расте, бидејќи граѓаните вршат наплата на долгови што ги имаат, изјави раководителката на секторот, Фросина Краљевска.

Во Куманово, според податоците на секторот во 2024-та имало 37.807 физички лица-обврзници, 420 правни и 4.177 субјекти кои плаќаат комунална такса.

-Тековна активност на секторот за даноци такси е генерирање на опомени за неплатени долгови за овие даноци за лани, очекуваме процентот значително да порасне, изјави Краљевска.

Во средства, општина Куманово досега собрала околу 12 милиони денари за назив на деловна просторија, 43 за данок на имот на физички лица, а за правни околу 12,5 милиони денари.

Решенијата за данок на имот за физички и данок на имот за правни за 2025 граѓаните и субјектите ќе ги добијат крајот на март, почток на април, годинава. ам/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан