• недела, 21 јули 2024

Советот на Општина Велес го распиша конкурсот за стипендирање талентирани ученици и студенти

Советот на Општина Велес го распиша конкурсот за стипендирање талентирани ученици и студенти

Велес, 23 ноември 2023 (МИА) - Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес го распиша конкурсот за стипендирање во учебната 2023/24 година. Заинтересираните ученици  и студенти на страницата на Општина Велес, https://veles.gov.mk/ можат да проверат кои документи се потребни за пријавување. Конкурсот е отворен до 4 декември годинава.

Стипендии ќе добијат по 17 ученици и студенти. Стипендиите за талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование изнесуваат по 2 илјади  денари месечно додека за талентирани студенти кои запишале минимум II  година на студирање по 2.500  денари, месечно. Стипендиите ќе се исплаќаат за девет месеци колку што трае учебната 2023/24 година,информираат од Општина Велес.

Право на стипендија имаат кандидатите кои се жители на Општина Велес и се македонски државјани , учат и студираат во училиштата и факултетите во земјава  и ги исполнуваат условите како што се редовни и одлични ученици или студенти кои во текот на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00.Воедно и да имаат освоено награди на општински, регионални, државни или меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот.ад/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан