• сабота, 18 мај 2024

Советниците Ангелоска и Костоски со најмногу излагања на седниците на Советот во Охрид

Советниците Ангелоска и Костоски со најмногу излагања на седниците на Советот во Охрид
Охрид, 2 ноември 2022 (МИА) - Координаторот на советничката група на СДСМ Живка Ангелоска имала најголем број, односно 43 излагања на седниците на Советот на Општина Охрид во периодот ноември 2021 до септември оваа година. По неа бил советникот Ванчо Костоски од ВМРО – Народна партија, со 28 излагања, па Перчо Божиновски кординатор на советничка група на ВМРО – ДПМНЕ со 22 излагања. Тоа го покажува извештајот за активноста на советниците во Советот на Општина Охрид, за период од една година на здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија" од Охрид. Извештајот, како што соопштија од Здружението, е врз оснива на анализата за работата на советниците преку проектот „Мојот советник под лупа", со цел зголемување на транспарентноста, отчетноста и доброто владеење на локалната самоуправа и запознавање на јавноста со работата на нивните претставници во општината. - Здружението ги подготвува овие анализи, не со цел да укаже на евентуален недостаток во работатата на советниците од аспект на нивната служба кон граѓаните, туку, напротив, за да се зголеми информираноста на самите граѓани во делот на застапувањето на нивните проблеми и потреби непосредно преку оние кои тие ги изгласале, како нивни репрезенти во локалната власт. На тој начин, сметаме дека ќе се зголеми отчетноста и транспарентноста на самите советници, во однос на реализацијата на нивните програми, во насока на нивно поттикнување да покажат подобри и поефективни резултати во периодот до наредните локални избори, соопштија од Здружението. Според информацијата, по две советнички прашања поставиле советниците Перчо Божиновски, Благородна Чулческа, Ана Крстеска, Сашо Донев и Александра Настоска Николоска од ВМРО-ДПМНЕ, Живкоа Ангелоска, Стојан Митрески, Деса Косаркоска и Бојан Михајловски од СДСМ и Милена Грозданоска од НСДП. - Од останатите советници, Арбен Демироски како независен советник од заедницата на Египќаните имал девет излагања, Наум Јамандиев од ВМРО-ДПМНЕ осум, Деса Косаркоска дискутирала седум пати, Ана Крстеска од ВМРО-ДПМНЕ и Антонио Наумоски независен советник се пријавиле за шест дискусии, Благородна Чулческа и Горан Маркоски од ВМРО – ДПМНЕ дискутирале по четири пати, исто колку и советникот Александра Настоска Николоска, соопштија од здружението „Инклузија“ Според информацијата, по едно излагање имале Билјана Тодева Стојановска од Социјалистичката партија, Нефи Усеини и Бесник Османи од ДУИ, Стојан Митрески и Науме Јованоски од СДСМ, како и Кире Пердулоски од ВМРО-ДПМНЕ, Леона Кичеец независна советничка со нов мандат и Милена Грозданоска од НСДП. Без ниту едно излагање или поставено советничко прашање биле Димитар Велјаноски, независен советник во оставка од листата „Охрид пред се“ и Горан Стојаноски од ВМРО – ДПМНЕ. сс/цр

Остани поврзан