• понеделник, 23 декември 2024

Собраниска делегација на Рос-Рот семинар на ПС на НАТО во Белград

Собраниска делегација на Рос-Рот семинар на ПС на НАТО во Белград
Скопје, 15 ноември 2021 (МИА) - Собраниска делегација во чиј состав се пратениците Арта Билали-Зендели и Илија Николовски учествуваат на 101. Рос-Рот семинар на Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС на НАТО), што од денеска до 17 ноември се одржува во Белград. Како што соопшти собраниската прес-служба, Арта Билали-Зендели е шеф на Делегацијата, а Илија Николовски е член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС на НАТО). На овој семинар ќе се дебатира за евроатлантска интеграција, партнерство за мир и патот кон надминувањње предизвици на Западен Балкан. Семинарот е поделен на шест сесии. Во првата сесија ќе се дебатира за Србија во евроатлантската заедница: последниот развој на настаните, во втората сесија ќе се дебатира за стабилноста во Западен Балкан: билатерални и регионални прашања. Во третата сесија ќе се дебатира за дезинформација, лажните вести и социеталната кохезија во Западен Балкан, а во четвртата сесија ќе се дебатира за Западен Балкан и флексибилноста: предизвиците од Ковид-19 и деградација на животната средина. Во петтата сесија ќе се дебатира за Западен Балкан: економски, социјални предизвици и решенија и на шестата сесија ќе се дебатира за сајберотпорност во Западен Балкан: најдобри практики. Како што е најавено, на учесниците на овој семинар со поздравни говори ќе им се обратат српскиот претседател Александар Вучиќ, Драган Сормаз, шеф на српската делегација во ПС на НАТО, Ивица Дачиќ, претседател на Парламентот на Република Србија и Урс Шмид, амбасадор на Швајцарија во Србија. На учесниците со своите прилози ќе им се обраќаат и Атила Местерхази, потпретседател на НАТО,  Небојша Стефановиќ, министер за одбрана на Република Србија, Мими Кодели, потпретседател на НАТО, Никола Сељаковиќ, министер за надворешни работи на Република Србија, Јосип Бркиќ, заменик-министер за надворешни работи на БиХ и други експерти. мд/дма/

Остани поврзан