• петок, 04 октомври 2024

Смртниот биланс од тајфунот Јаги во Виетнам се зголеми на 127 лица, 54 се водат за исчезнати

Смртниот биланс од тајфунот Јаги во Виетнам се зголеми на 127 лица, 54 се водат за исчезнати

Ханој, 10 септември 2024 (МИА) - Бројот на жртвите од тајфунот Јаги и придружните обилни дождови кои предизвикаа поплави и свлечишта во Виетнам достигна 127. Дополнително, 54 лица се водат како исчезнати, а 764 се повредени.

Јаги беше најмоќниот тајфун кој го погоди Виетнам во последниве децении, носејќи ветрови со брзина од 149 км/ч. Тој стигна до бреговите на Виетнам во саботата и предизвика смрт на девет лица. Иако во неделата ослабе, дождовите продолжија.

Виетнамската државна телевизија ВТВ извести дека 127 лица се потврдени за загинати, додека 54 се исчезнати. Поголемиот дел од жртвите настрадаа во порои и свлечишта.

Нивото на водата во неколку реки, вклучително и Црвената река, која тече низ главниот град Ханој, е опасно високо. Властите денеска евакуираа семејства кои живеат во близина на реката.

Една од најтешко погодените провинции е Каобанг, каде 19 лица загинаа, а 36 се водат како исчезнати поради свлечишта во ридскиот регион.

Спасувачките операции продолжуваат во сите погодени региони, каде што голем број инфраструктурни објекти се оштетени, а многу семејства се оставени без засолништа. ссм/

фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан