• четврток, 26 март 2026

Смртниот биланс од рускиот напад врз Суми се искачи на 24 лица

Смртниот биланс од рускиот напад врз Суми се искачи на 24 лица

Киев, 13 април 2025 (МИА) - Во денешниот руски напад со балистички проектили врз градот Суми во североисточна Украина, загинаа најмалку 24 лица, а над 84 се повредени, меѓу кои седум деца.

Како што потврдија украинските власти, во нападот бил погоден тролејбус, а нападот бил извршен со балистичка ракета „Искандер-М“.

Деловите од Суми погодени во нападот утринава се во близина на три театри, универзитетска болничка клиника, конференциски центар, теретана и концертна сала. Нема воени цели во погодената област во рамките на познатата зона на прецизност на ракетата Искандер-М, која се проценува на 30-70 метри, што, според украински медиуми, укажува на тоа дека станува збор за намерен напад на цивили. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан