• недела, 23 јуни 2024

Словенечката претседателка Пирц Мусар идната недела во Киев ќе потпише безбедносен договор со Украина

Словенечката претседателка Пирц Мусар идната недела во Киев ќе потпише безбедносен договор со Украина

Љубљана, 23 јуни 2024 (МИА) - Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар најави дека в четврток ќе го посети Киев за да потпише билатерален безбедносен договор со Украина.

Според неа, таков договор е потпишан со Украина и од други земји кои се подготвени да му помогнат на Киев, јави СТА.

„Станува збор за преземање обврска... дека ќе продолжиме да и помагаме на Украина се додека тоа е неопходно... Украина ја брани целата структура на меѓународното право“, изјави Пирц Мусар. зш/

Остани поврзан